Ливерпул и Барселона последните четвртфиналисти во ЛШ

Од:

Ливерпул се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако го победи Баерн со 3: 1 среде Минхен во реваншот. Првиот дуел на англиска земја заврши без голови.

Ливерпул го отворија резултатот во средината на првото полувреме, кога Садио Мане ја искористи колективната грешка во одбраната на противникот и постигна гол.

Шест минути пред паузата надежта на баварците се врати по автогол на Жоел Матип, но Вирџил ван Дајк со гол со глава во 69-тата минута стави крај на надежите на Баерн за целосен пресврт. Во 84. минута вториот гол на Мане во натпреварот стави точка на спорот.

Минатогодишниот финалист Ливерпул продолжува со својот поход кон шестата титула на Стариот континент, додека за Баерн ова беше прва елиминација уште во осминафиналето од 2011 година наваму.

Барселона пак се пласираше во четвртфиналето откако го победи Олимпик Лион со 5:1 во реваншот на „Камп Ноу“. Првиот натпревар меѓу двете екипи заврши 0:0.

Каталонците не дозволија изненадување дома и ладнокрвно стигнаа до триумфот. Лионел Меси (18) донесе предност по реализиран пенал. Филипе Кутињо (31) ја удвои предноста за домаќините, а како капак на се, голманот на Лион – Ентони Лопез доби повреда и беше принудно заменет.

Во вториот дел Лука Тусар (59) врати еден гол. Сепак, малку подоцна, Меси (78) повторно ја затресе мрежата на Французите. На крајот на дуелот Жерард Пике (81) и Усман Дембеле (86), исто така беа прецизни за Каталонците.

Барса ќе го дознае својот следен ривал утре, кога ќе се одржи ждребот за четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

Лондон повторно домаќин на финалето на ЛШ во 2023 година

Квинси Промес: Ајакс може да го повтори успехот од минатата сезона

Ана Ололовска

Конте: Сите во Интер, вклучително и јас, бевме под нивото

Ана Ололовска

Лампард е првиот тренер на Челси кој започна со пораз во ЛШ во овој век

Ана Ололовска

Азар е подготвен да игра против ПСЖ

Ана Ололовска

Халанд е ѕвезда на вечерта во Лигата на шампионите

Ана Ололовска