Со натпреварот Кристал Палас – Ливерпул кој почнува вечерва од 21 часот ќе биде комплетирано претпоследното (37.коло) од англиската Премиер лига.
Ливерпул брка победа на овој дуел за задржување на шансите за освојување на титулата. Евентуален неуспехна „црвените“ ќе ја олесни работата на конкурентот Манчестер Сити кој поради подобрата гол-разлика е во подобра позиција во борбата за трофејот.
На другите натпревари од оваа рунда одиграни викендот постигнати се овие резултати: Арсенал – ВБА со 1:0, Челзи – Норвич 0:0, Евертон – Манчестер Сити 2:3, Астон Вила – Хул 3:1, Манчестер Јунајтед – Сандерленд 0:1, Њукасл – Кардиф 3:0, Стоук – Фулам 4:1, Свонси – Саутемптон 0:1 и Вест Хем – Тотенхем 2:0.
Табела: Манчестер Сити 80 бодови (36 натпревари), Ливерпул 80 (36), Челзи 79 (37), Арсенал 76 (37), Евертон 69 (37), Тотенхем 66 (37), Манчестер Јунајтед 60 (36),…