Ливерпул го проширува капацитетот на „Енфилд Роуд“

Од:

Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул најави дека идната недела ќе почнат градежни работи на зголемување на капацитетот на стадионот „Енфилд Роуд“, кој наскоро би требало да има капацитет од 61.000 гледачи, што ќе биде за 7.000 повеќе отколку досега.

„Енфилд“ со тоа би требало да стане трет најголем стадион во Премиер лигата, по „Олд Трафорд“ на Манчестер јунајтед и „Хотспар“ на Тотенхем.

Ливерпул оваа пролет доби дозвола од градскиот совет и станарите во соседството на „Енфилд“ за извршување на градежни работи.

Според најавите, „Енфилд“ ќе биде подготвен да прими 61.000 гледачи од сезоната 2023/24.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ