Лион го победи Манчестер сити и донесе француско-германски пресметки во полуфиналето на ЛШ

Од:

Лион е последниот тим кој обезбеди учество помеѓу четирите најдобри екипи оваа сезона во фудбалската Лига на шампион. Францускиот тим вечерва во Лисабон го совлада Манчестер сити со 3:1 и стана вториот тим од Лига 1 кој избори полуфинале во елитното натпреварување. Претходно тоа го стори и Пари Сен-Жермен.

Ривали на француските екипи во следната рунда ќе бидат тимови од Германија, Лајпциг и Баерн.

На вечерашниот дуел, последен од четвртфиналната фаза, стрелци на головите за Лион беа: Макси Корне (24. минута) и Муса Дембеле (79. и 87. минута). За Сити погоди Кевин Де Бруин во 69. минута.

Во полуфиналето ќе се сретнат:
Лајпциг – ПСЖ (18 август)
Баерн Минхен – Лион (19 август).

Двата натпревара ќе се играат во португалската престолнина Лисабон со почеток од 21 часот.

Би можело да ве интересира

Гвардиола откри што ќе направи доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бизарна снимка на Етихад, ѕвездата на Сити остана без заб

Предраг Петровиќ

Вулверхемптон денеска на домашен терен го победи Манчестер Сити

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Марез официјално во Ал Ахли

Белгиецот ќе го пропушти почетокот на новата сезона

Предраг Петровиќ