Лилард: Кога е здрав, Дурант е најдобар играч во НБА

Од:

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард го прогласи Кевин Дурант за најдобар играч во современата НБА-лига.

– Здравиот Дурант и Леброн се на слично ниво. Кога нема повреди, Дурант е најдобриот играч во НБА. Никој не може да го чува. Има извонреден шут за три поени, дриблинг, контри, во пост. За само неколку секунди може да организира напад, не можете да го блокирате неговиот удар, изјави Лилард.

Дурант е член на Бруклин, а претходно играше за Голден Стејт, Сиетл и Оклахома.

Во тековната сезона тој се соочуваше со повреди, но клубот од Њујорк очекува во завршницата да биде еден од адути за остварување на амбицијата – освојување на шампионскиот трофеј.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа