Лилард „експлодира“ со 61 поен за триумф на Портланд над Далас и пласман во плејофот

Од:

Портланд забележа значаен триумф над Далас со 134:131 (38:31, 28:27, 32:37, 36:36) и успеа да избори пласман во плејофот од НБА лигата како осморангирана екипа во Западната конференција. Најзаслужен за победата на „Блејзерс“ е Дамјан Лилард, кој имаше уште една блескава вечер со 61 поен.

Лилард стана шестиот играч во историјата на НБА кој постигнал над 60 поени на еден натпревар три или повеќе пати во својата кариера.

Портланд, со 34 победи на 73 натпревари, е осми во Западната конференција, додека Далас е за едно место погоре со 43 победи на 74 натпревари.

На другите два натпревара играни во ноќта од вторник кон среда, постигнати се следниве резултати:

Сакраменто – Њу Орлеанс 112:106
Вашингтон – Милвоки 113:126.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа