Лига Европа: Ракометарите на Еурофарм Пелистер го пречекуваат словенечки Тримо

Од:

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер во рамки на групата „Д“ од Лига Европа, во Битола ќе го пречекаат словенечкиот претставник од Требње, Тримо.

По поразот во минатата седмица од 28:24, битолчани повнимателно го дочекуваат реванш дуелот за бодови во второто по ранг европско ракометно натпреварување.

– Средбата предизвика голем интерес во македонската и словеначката спортска јавност, но и кај меѓународната ракометна федерација и затоа порано од очекуваното беше испратена покана за новинарски акредитации и следење на натпреварот кој ќе се одигра вечер од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Во рамки на оваа ракометна група, попладне од 17 часот ќе се сретнат и екипите на Татабања и Гог.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска