Лига Европа: Адеми со Динамо ја мина групната фаза, Наполи и Елмас ќе бараат шанса во последното коло

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми обезбеди „европска пролет“ со Динамо Загреб во Лигата на Европа (ЛЕ), додека неговиот репрезентативен колега Елиф Елмас шансата да ја мине групната фаза со својот Наполи ќе мора да ја бара во последното коло.

dobivaj vesti na viber

Адеми го одигра целиот меч и запиша асистенција во триумфот на Динамо на гостински терен кај Феенорд од 2:0 во претпоследното коло во К-групата.

За македонскиот репрезентативец ова беше 77-ми „европски“ натпревар во дресот на Динамо со што постави нов клупски рекорд, додека хрватскиот првак стана првиот клуб во ЛЕ кој ја минал групната фаза без примен гол.

Елмас влезе од клупата за резерви и одигра половина час во ремито на Наполи на гостувањето кај АЗ Алкмар од 1:1 со што разврската во Ф-групата е пролонгирана за идниот четврток во последното, шесто коло.

Риека на Дарко Велковски со бод се прости од ЛЕ, откако одигра 2:2 на гости против Реал Сосиедад во меч во кој македонскиот репрезентативец го постигна водечкиот гол за хрватскиот тим.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска