Лидс со победа ја одбележа 100-годишнината

Од:

Фудбалерите на Лидс, меѓу кои и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, со победа од 1:0 против Бирмингем го прославија 100-тиот роденден на клубот.

Алиоски ги одигра сите 90 минути на овој историски натпревар во историјата на клубот од областа Јоркшир, и доби жолт картон. Голот за победа го постигна Калвин Филипс во 65-та минута.

На трибините на „Иланд роуд“ имаше 35.731 гледачи, што е рекордна посета сезонава.

Со оваа победа, Лидс дојде до 23 бода од 12 кола, и го држи второто место во англискиот Чемпионшип, со два бода помалку од лидерот ВБА, но во трката за места во Премиерлигата има уште неколку тима кои се веднаш зад Лидс.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска