Ли – Вилијамс во првото полуфинале на УС Опен

Од:

Кинеската На Ли е првата полуфиналистка на Отворениот тениски шампионат на САД, откако синоќа во четвртфиналниот меч ја победи Екатерина Макарова (Русија) со 2:1 – по сетови 6:4, 6:7 и 6:2.

Кинеската тенисерка беше подобра во првиот и посебно во третиот сет, додека вториот го изгуби на тај брек со 7:5.

Противничка на Ли во борбата за финалниот меч ќе биде Серена Вилијамс (САД) која ноќеска убедливо без изгубен гем со 2:0 во сетови ја совлада Карла Суарез Наваро (Шпанија).

Двојките за преостанатите две четвртфиналиња се:

Роберта Винчи (Италија) – Флавија Пенета (Италија) и
Даниела Хантухова (Словачка) – Викторија Азаренка (Белорусија).

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ