Леванте прв пат го порази Атлетико во Мадрид од 2006

Од:

Шпанскиот прволигаш Леванте, со македонскиот репрезентативец Енис Барди во составот од првата минута, го совлада вечерва како гостин лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид, со 2:0.

Хосе Моралес во 26 минута и Хорге де Фрутос во петтата минута од судиското продолжение му го нанесоа првиот пораз на Атлетико на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид од декември 2019 година.

За Леванте ова, воедно, беше прв гостински триумф во пресметките со Атлетико Мадрид од октомври 2006 година, кога славеше со минимални 1:0 во рамки на шпанскиот куп.

Двете екипи втор пат неделава ги одмерија силите во Ла Лига, откако Леванте во средата со голот на Барди освои бод против тимот на Диего Симеоне, одигрувајќи 1:1.

Леванте со ефект од седум победи, исто толку порази и десет нерешени натпревари во моментов е на осмото место во шпанското првенство со 31 бодови, 22 помалку од Атлетико Мадрид, кој остана на чело на табелата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска