Левандовски постави нов рекорд кај странците во Бундеслигата

Од:

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски постигна два гола на денешниот натпреварот од 33. коло од Германскиот фудбалски шампионат против Фрајбург. Со овие погодоци тој постави нов рекорд.

Според клупскиот Твитер, полскиот фудбалер е првиот странски играч кој постигнал 33 голови во Бундеслигата во една сезона.

Левандовски го надмина рекордот на екс-напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг, кој постигна 31 гол во една сезона.

Триесет и едногодишниот фудбалер оваа сезона одигра 41 натпревар за Баерн на сите натпреварувања, постигна 48 голови и забележа шест асистенции.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ