Левандовски и Мбапе против СП на секои две години

Од:

Напаѓачот на Баерн и Полска, Роберт Левандовски се спротивстави на идејата Светското фудбалско првенство да се одржува на секои две години.

Јас не сум љубител на оваа идеја. Веќе имаме многу натпревари, премногу тешки недели. Треба да размислите за иднината. Нивото на игра ќе падне бидејќи на играчите им е потребен одмор. Мислам дека нема да биде возможно Светското првенство да се одржува на секои две години, рече Левандовски на меѓународната спортска конференција во Дубаи.
Фудбалерот на Баерн беше поддржан од напаѓачот на Пари Сен-Жермен и француски репрезентативец Килијан Мбапе, кој исто така учествува на конференцијата:

„Се согласувам со Роберт. Мора да размислуваме за квалитетот на фудбалот и да го почитуваме здравјето на играчите“.

Челниците на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) инсистираат на Мундијали на секои две години, прдлог којшто предизвика голем број негативни реакции кај најдобрите европски и јужноамерикански фудбалери.

Би можело да ве интересира

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Мбапе играше со посебен детал на дресот, Французите го објаснија новитетот што го воведоа

Левандовски подобри рекорд од 1969 година

Левандовски во клубот 100

Предраг Петровиќ

Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок