Левандовски: Гвардиола ме научи да гледам на фудбалот поинаку

Од:

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски зборуваше за тоа како бил под влијание на работата со тренерот Пеп Гвардиола.

dobivaj vesti na viber

– Тој ме научи да гледам на фудбалот поинаку. Ми укажа на движењата и тактиките, како да ги користам. По работата со Гвардиола, размислувам поинаку во фудбалот, бидејќи играта ја гледам од поинаков агол. Разбирам кој греши, кој игра подобро, како да се биде чекор пред противникот. Разговаравме, тој често ми објаснуваше тактика. Еднаш ми рече: „Не можам да ти помогнам да станеш посилен како напаѓач, затоа што веќе си добар, но можам да му помогнам на тимот да ја внесе топката во казнениот простор, и таму веќе знаеш што да правиш, рече Левандовски.

Гвардиола го предводеше Баерн Минхен од 203 до 2016 година, а потоа замина во Манчестер сити каде е актуелен тренер. Негов прв тим во кариерата му е Барселона (2008-2012).

Би можело да ве интересира

Челси сака да биде побрз од Барселона и да го купи Левандовски

А1он

Левандовски е револтиран од понудата на Баерн

А1он

Левандовски одлучил да го напушти Баерн

А1он

Полјаците тврдат дека Левандовски ќе го напушти Баерн

А1он

Барселона му нуди на Левандовски договор за три сезони, но и помала плата

А1он

Менаџерот на Левандовски преговара со два клуба

А1он