Левандовски дава голови 19 дена по операцијата

Од:

Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, бележи 19 дена по операцијата на адукторите, пишува весникот „Билд“.

Секако, станува збор за гол на тренинг, но и тоа им дава оптимизам на навивачите на тимот дека Полјакот ќе биде целосно подготвен за стартот на Бундеслигата следната недела.

Триесет и едно-годишниот напаѓач излезе на „Зебенер штрасе“ вчера во навидум одлично расположение и постојано се смешкаше пред фотографите кои го следеа.

Како што е познато, Левандовски не замина во зимскиот камп во Катар и остана во Минхен, каде се подготвува по индивидуална програма.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска