Лев именуваше шест европски селекции подобри од Германија

Од:

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев не го смета неговиот тим за фаворит на Европското првенство 2020 година.

– Репрезентации како Англија, Франција, Шпанија, Италија, Белгија и Холандија се подобри од нас. Тие веќе искусија преоден период помеѓу генерациите. Не сметам дека сме фаворити за триумф на Европското првенство, изјави Лев.

Тој им оддаде признание на своите избраници за избореното учество на ЕУРО 2020.

– Моравме да направиме многу промени, бидејќи повеќе од десет луѓе беа повредени. И покрај ова, ние сепак квалификувавме, нагласи предводникот на „панцирите“.

Германија на едно коло пред крајот во Ц-групата е прва на табелата со 18 бода, пред Холандија која има 16. Следуваат Северна Ирска со 13, Белорусија со 4 и Естонија со 1 бод.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска