Леонардо нов спортски директор на ПСЖ

Од:

Поранешниот спортски директор на Милан, бразилецот Леонардо, повторно ќе ја извршува истата функција но овој пат во ПСЖ.

Веста ја потврди самиот француски шампион кој овој пат наместо фудбалери како засилување за следната сезона го најави новиот спортски директор Леонардо, кој ќе го замени Антеро Енрике кој денеска ја напушти таа функција.

Бразилецот се води како многу успешен спортски директор, кој има слух за да препознае вистински фудбалер, особено тие од Јужна Америка, поточно неговата татковина Бразил.

Имено, за Леонардо ова е враќање во стариот клуб, ако се знае дека истата функција ја вршеше во Паркот на принцевите две години, од 2011 до 2013 година, период во кој кај францускиот шампион пристигнаа големи имиња како Верати, Ибрахимовиќ, Тијаго Силва, итн.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска