„Л’Екип“ објави дека натпреварот меѓу ПСЖ и Црвена ѕвезда бил наместен, клубовите демантираат

Од:

Францускиот весник „Л’Екип“ повикувајќи се на неименуван извор објави дека натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Црвена ѕвезда наводно бил наместен.

Белградскиот клуб претрпе болен пораз од 6:1, а според францускиот весник, функционер на Црвена звезда се обидел да уплати пет милиони евра токму на пораз од ПСЖ.

По написот во францускиот весник се огласија и фудбалските клубови прозвани во случајот и ги отфрлија гласините.

– Во ниеден момент никој од нашите функционери не разговараше со луѓето од Црвена ѕвезда за што било друго освен за вообичаените работи поврзани со организацијата на натпреварот. Во оваа прилика сакаме да нагласиме дека ПСЖ останува на својата посветеност на основните принципи на спортот и на интегритетот на натпреварувањето и го отфрламе секое делување кое може да го доведе во прашање сето тоа, стои во соопштението од ПСЖ.

Со реакција се јави и Црвена ѕвезда која ги отфрли пишувањата на францускиот медиум.

– Ова може да му нанесе голема штета на угледот и на реномето на нашиот клуб и затоа Црвена ѕвезда инсистира и кај УЕФА и кај надлежните истражни органи во Србија и Франција да ги истражат сите сомнежи до самиот крај и да се дојде до вистината. Денешната технологија и разните други механизми се до тој степен развиени што овој случај е невозможно да остане неразјаснет. Црвена ѕвезда очекува да се реши целиот случај во што е можно пократок рок и да се тргнат сите сомнежи за вмешаноста на било кој член на нашиот клуб во евентуални нечесни зделки, пишува во соопштението белградскиот клуб.

Од „Л’Екип“ наведуваат дека за целиот случај е известен и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, и неговите блиски соработници

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Белград: Жестока тепачка на Гробари и Делии пред големото фудбалско дерби

Катерина Ѓуровски

УЕФА: Италијанскиот судија Даниеле Орсато ќе го суди натпреварот помеѓу Црвена звезда и Лајпциг

Горан Наумовски

Короман доби забрана да и се приближува на поранешната девојка

Горан Наумовски

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Натпревар во лежење во Црна Гора-останаа пет учесници

Црвена звезда е заинтересирана за Мејсон Гринвуд