Лејкерси го зграбија Стив Неш!

Од:

Денот на независноста на САД донесе еден од најинтересните НБА трејдови во последниве години-ЛА Лејкерси го зграбија Стив Неш.

Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на лигата има 38 години,но тоа не им сметаше на челниците на “езерџиите”да му понудат тригодишен договор,вреден 27 милиони долари,а на Феникс да му дадат дури четири пика-два од првата рунда 2013.и 2015.година,како и два од вториот круг 2013.и 2014.

Сите 16 сезони Неш ги помина во Феникс и Далас,но никогаш не стигна до финалето на НБА,туку само до четири конферециски финалиња.

Последната шанса ќе ја има во екипата која ја предводи Коби Брајант.

Претходните денови за Неш се интересираа бившиот тим Далас,Њујорк како и Торонто.

Се испостави дека Далас несвесно им помогна на Лејкерси,бидејќи во претходната сезона за размена на Ламар Одом им отвори простор во селери кепот,од кого Неш ке зема плата.

Се шпекулира дека доаѓањето на Неш би значело и приграбување на Двајт Хауард.

Суперменот има уште една година од договорот со Орландо и сака да си оди,па “магичните” веројатно би се согласиле со опцијата за размена да го добијат Ендрју Бајнам.

Неш осум пати играше ол-стар мечеви,седум пати беше член на некоја од првите три петорки во лигата(три први,двапати втори и трета),зад себе има 1270 НБА натпревари,а два пати беше МВП во регуларниот тек на сезоната.

Петти е во историјата на НБА по бројот на асистенции (му недостасуваат 9914),а веќе во наредната сезона би можел да ги престигне Меџик Џонсон и Марк Џексон.

Го краси феноменален шут,па дури четири пати ја заврши сезоната со формулата 50-40-90 (над 50 одсто шутеви од игра, 40 за 3, 90 слободни фрлања),што никому во историјата на лигата не му успеало.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ