Лејкерс на 12 мај ќе го истакнат транспарентот на шампионската титула

Од:

Лејкерс ќе го истакнат транспарентот за шампионската титула 2019/20 седум месеци по освојувањето на тронот.

Транспарентот ќе се појави во „Стејплс Центар“ на 12 мај, денот на последниот натпревар на тимот во регуларниот дел од тековната сезона, против Хјустон.

– Постојат неколку причини што ги чекавме. Прво, сезоната започна без гледачи. Сега навивачите конечно се појавија во арената. На последниот натпревар, ќе има максимален број од нив во оваа фаза. Исто така, се надеваме дека дотогаш ќе имаме целосно здрав тим со Леброн Џејмс и Ентони Дејвис на теренот. И тоа ќе биде добар знак пред почетокот на новиот плејоф, изјави сопственикот на клубот Џини Бас.

Инаку, Лос Анџелес лејкерс ноќеска загуби на гостувањето кај Мајами со 110:104. Со ефект 32 победи и 20 порази актуелниот НБА шампион во моментов е на 5. место во Западната конференција.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа