Леброн: Затаи нападот

Од:

Првата ѕвезда на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, причината за поразот од Бостон во петтиот дуел од Источното финале ја гледа во неефикасноста и големиот број промашен шутеви.

– Во одбрана бевме добри. Ги сопревме на 96 поени што не е лошо. Но не функционираше нашиот напад. Во НБА нема да победите на многу натпревари ако постигнете 83 поени. Освен тоа, имавме и многу загубени топки (15) и кога се ќе се собере поразот беше неминовен, изјави Џејмс.

Тој очекува подобра игра на шестиот натпревар од плејоф серијата.

– На наш терен сме посигурни. Со нетрпение го очекуваме шестиот меч и веруваме дека може да се избориме за мајсторка, додава Леброн.

Шестиот дуел од серијата прв до четири победи меѓу Кливленд и Бостон се игра ноќта петок кон сабота.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа