Леброн го претрпе најголемиот пораз во кариерата

Од:

Леброн Џејмс го претрпе најголемиот пораз во кариерата синоќа во НБА.

Индијана Пејсерс го порази Лос Анџелес Лејкерс со 136:94 со постигнување на рекордни 19 тројки за франшизата.

Ова е најголем пораз за тим во кој настапува Џејмс во текот на своите 16 сезони во лигата, а покрај Лејкерс, тој исто така настапи за Кливленд Кавалирс и Мајами хит.

Неговиот претходен најголем пораз беше 36 разлика во два наврата, од Вашингтон во 2008 година со Кливленд и од Сан Антонио во финалето на 2013 година со Мајами.

Покрај тројките, Пејсерс ја освоија битката благодарение и на грешките на нивните ривали, откако постигна 33 поени од 19 изгубени топки на „езерџиите“.

Во отсуство на Виктор Оладипи, „пешаците“ беа предводени од Бојан Богдановиќ со 24 поени (10/17 од игра, 4/10 тројка) со 5 асистенции, додека 22 поени додаде Мајкл Тарнер.

Леброн беше најефикасен во Лејкерс со 18 поени (7/12) со 9 асистенции и 7 скокови, но исто така загуби и 6 топки.

Џавеил Мекги постигна 16 поени, 13 додаде Ленс Стивенсон, додека по 12 реализираа Кајл Кузма и Брендон Инграм.

Резултати од НБА:

Шарлот Хорнетс – Лос Анџелес Клиперс 115:117
Кливленд Кавалиерс – Бостон Селтикс 96:103
Индијана Пејсерс – Лос Анџелес Лејкерс 136:94
Њујорк Никс – Детроит Пистонс 92:105
Мемфис Гризлис – Минесота Тимбервулвс 108:106
Оклахома Сити – Орландо Меџик 132:122
Филаделфија 76-ерс – Торонто Репторс 107: 119
Портланд Трејлблејзерс – Мајами Хит 108:118.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа