Леброн Џејмс и официјално се врати во редовите на неговиот прв клуб, Кливленд Кавалирс, објави Јаху спорт.
Кога пред 4 години Џејмс објави дека ќе замине во Мајами, навивачите го палеа неговиот дрес, го колнеа, а сега повторно му посакаа добредојде.
Тој ги предводеше „жешките“ во 4 финалиња на плејофот и освои две шампионски титули
Пред трансферот во Мајами, Леброн мина седум сезони во редовите на Кавси на кои не успеа да им ја донесе толку посакуваната титула.