Леброн Џејмс: Потребно е време да се навикнам

Од:

Леброн Џејмс по неуспешното деби во дресот на Лос Анџелес лејкерс истакна дека му е потребно време да се навикне на новата средина.

– Работите се поинакви кога ќе го смениш клубот. Така било секогаш кога сум одел на ново место, потребно е време да се навикнам. Работевме на координацијата една недела и беше добро што имавме можност да играме со вистински противник, а не меѓу себе. Имаше периоди кога топката не одеше каде што сакаме и ќе треба да поработиме на тоа, истакна Џејмс.

Тој на теренот помина 15 минути, а реализираше девет поени и по три скока и асистенции.

Неговиот нов клуб загуби од Денвер нагетс со 124:107 на подготвителниот натпревар одигран во Сан Диего.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс го поистовети Ковид-19 со настинка

Ана Ололовска

Леброн: На заслужив да бидам суспендиран

А1он

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Леброн Џејмс сака свој НБА клуб

Жарко Настоски

Левандовски, Леброн, Надал и Хамилтон претенденти за наградата „Лауреус“

Катерина Ѓуровски

Леброн влезе во НБА историјата

А1он