Леброн Џејмс ја освои и европската шампионска титула

Од:

Најдобриот кошаркар на светот Леброн Џејмс во неговата богата колекција на пехари од синоќа ја има и еврoпската шампионска титула во фудбал.

Ѕвездата на НБА, иако не придонесе на теренот за победата на Ливерпул, сепак, како акционер на англискиот клуб, навиваше за европскиот шампион со кој освои уште една титула од неговата богата колекција од две олимписки злата и три НБА прстени.

Џејмс синоќа на „Твитер“ на почетокот им посака среќа на „своите“ играчи, потоа во второто полувреме побара втор гол, за на крајот да прослави и да им честита на сите кои се поврзани за клубот.

Инаку, Џејмс е голем навивач на Ливерпул, што го натерало и да купи два отсто од акциите на англискиот клуб за кои платил шест милиони фунти.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска