Повратникот во тимот на Кливленд и еден од најдобрите играчи во НБА лигата, Леброн Џејмс поради повреда на грбот ќе биде надвор од теренот околу две недели, соопшти клубот.
Покрај тоа што ќе пропушти неколку натпревари, тој и претходните три дуели на неговиот тим ги следеше од клупата поради мала повреда на коленото.
По враќањето во Кливленд оваа сезона има во просек постигнато 25,2 поена, 5,3 скокови и 7,6 асистенции по натпревар.
Екипата на Кливленд со биланс од 18-14 (победи-порази) е на петото место во Источната конференција.