Лазаров: Очекувам да бидеме 30-40 отсто подобри во сите линии

Од:

Македонската ракометна репрезентација со шест голови негатива (22:28) се врати од гостувањето во Злин. Доколку нашите ракометари сакаат пласман на Светското првенство во Франција во 2017 година ќе мора да ја подобрат играта. По подолго време оваа репрезентација ќе мора да одигра и ќе биде под притисок дека мора да се победи со шест голови разлика или седум доколку Чешка постигне повеќе од 22 гола.

– Оптимисти сме секогаш, но мора да сме реални. Ќе биде многу тешко затоа што ова е незгодна негатива. Мора да бидеме максимално концентрирани и фокусирани. Наша надеж е тоа што ги видовме нашите грешки. Се надевам дека ќе бидеме 30-40 отсто подобри во сите линии (голмани, одбрана, напад), изјави капитенот Кирил Лазаров.

Не е лесно, додаде, но свесни сме за тоа, треба да се подобриме и ако одиграме како што знаеме нема да има проблеми.

– Проблем е секако тоа што немаме натпреварувачки ритам, сите играчи се квалитетни, но кога играат, а во моментов не е така и ситуацијата е лоша и сите сме свесни за тоа, заедно со селекторот, потенцира Лазаров

Тој и целиот тим посакуваат поддршка од трибините и на крајот сите заедно со навивачите да се радуваат. Составот за реванш дуелот со Чешка селекторот Лино Червар ќе го одреди по одржувањето на денешените тренинзи.

Натпреварот Македонија – Чешка се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ