Лазаров: Доста е со континуитет, одиме на повисоко

Од:

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров смета дека оваа генерација не треба да се задоволува само со настапи на големи натпреварувања, туку треба да цели за повисок резултат.

– Од денес па натаму треба да сонуваме за што поголем пласман. Доста е со континуитет кој го имаме од 2009 година па наваму. Мора да одиме на повисоко место. Не смее повеќе да се залажуваме со десетти места затоа што имаме играчи од светски размери, играчи кои ги победувале и најдобрите на клупски план. Тој потенцијал мора да го искроистиме и со малку спортска среќа да одиме кон врвот, изјави Лазаров по синоќешниот дуел со Грција.

Македонија синоќа ја победи Грција со 35:23 и со две победи над јужниот сосед во баражот за „Катар 2015“, обезбеди четврто учество на Светските првенства.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa