Лазаров: Децата се наша иднина

Од:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров викендот присуствуваше на ревијалните натпревари од „КЛ7“ школите. Тој со својот тренерски и организациски тим им поделија новогодишни пакетчиња на сите членови.

– Функционираме повеќе од успешно веќе трета година низ цела Македонија организирани на 17 локации. Довербата тешко се стекнува, многу лесно се губи. Среќен сум што таа доверба ја стекнавме кај нивните родители и секако кај децата, благодарен сум на сите нив. Со овој настан се запознавме уште подобро, а таа непосредност секогаш е причина плус за уште подобро функционирање и живот на КЛ7 како едно огромно семејство и во иднина. Бидејќи фундаментот на се во животот се децата, тие се нашата иднина, иднината на Македонија, рече Лазаров во обраќањето кон присутните во салата на ОУ „Круме Кепески”.

Во КЛ7 школата работат преку 1.000 деца.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ