Лапорта: Куман останува тренер на Барселона

Од:

Претседателот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Жоан Лапорта денеска ги демантираше наводите во локалните медиуми и рече дека Роналд Куман останува тренер на каталонскиот клуб.

– Куман и натаму ќе биде тренер на Барселона, изјави Лапорта, неколку часови пред вечерашното дерби против Атлетико во Мадрид, за кој шпанските медиуми најавија дека ќе биде последен за Куман на клупата.

– Без оглед на резултатот, Куман и натаму ќе биде тренер на Барселона. Тој има договор и се надеваме дека ќе нè врати на победничките патеки. Знам дека ќе даде сè од себе, додаде претседателот на Барселона.

Би можело да ве интересира

Бензема осуден на една година затвор условно за уцена на Валбуена

Ана Ололовска

Меси: Барса многу ќе напредува со Чави

Ана Ололовска

Ренато Санчез: Трансферот во Барселона беше готов летото, но пропадна поради повреда

Ана Ололовска

Дани Алвес се врати во Барселона

Ана Ололовска

Барселона ќе мора да му плати на Куман околу 20 милиони евра

Ана Ололовска

Чави може да влијае на враќањето на Меси во Барселона

Ана Ололовска