Лапорта главен фаворит на претседателските избори во Барселона

Од:

Жоан Лапорта има најголеми шанси за победа на изборите за претседател на фудбалскиот клуб Барселона, покажуваат резултатите од анкетата на весникот Mundo Deportivo, спроведена на помалку од еден месец до гласањето на 24 јануари.

Адвокат по професија, 58-годишниот Лапорта беше на чело на каталонскиот клуб од 2003 до 2010 година, а неговата повторна кандидатура доаѓа, откако претседателското место остана празно по оставката на Жозеп Бартомеу на крајот на октомври.

На прашањето за кого ќе гласаат ако изборите се одржат денеска, вкупно 52.3 отсто од испитаниците се изјасниле дека својот глас би го дале за Лапорта, покажува анкетата на шпанскиот весник.

За Виктор Фонт би гласале 13.2 отсто, а за Емили Русо, 3.2 отсто од анкетираните.

Со испитувањето биле опфатени 220 членови на Барселона, од кои 17.2 отсто се изјасниле оти се уште не донеле одлука дали и за кого ќе гласаат, додека 3.2 проценти одговориле дека својот глас нема да го дадат за ниту еден од кандидатите.

Би можело да ве интересира

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса

Воз усмрти четири лица во Барселона

Барселона се ослободи од играчот кој беше голем проблем

Предраг Петровиќ

Лапорта: Тебас е опседнат со валкање на имиџот на Барселона

Скаути на Барселона го гледале Мукоко

Лапорта беснеел по Интер – Бил уморен е од некои играчи на Барселона