Ланскиот МВП на црногорското првенство Стефан Крстајиќ ја засилува Академија ФМП

Од:

Минатогодишниот МВП играч на Црногорското првенство, Стефан Крстајиќ, ја засилува Академија ФМП за сезоната 2020/21. Крстајиќ кој минатата сезона со 25 индексни поени беше прв во првенството на Црна Гора доаѓа во тимот од редовите на екипата на Приморје, каде што постигнуваше 22 поена, 5.6 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки по натпревар.

25-годишниот српски кошаркар, кој игра на позициите 1 и 2, во својата кариера има настапувано за екипите на Златибор од Србија и Приморје од Црна Гора.

– По Србија и Црна Гора, ја продолжувам мојата кариера во Македонија и ми претставува големо задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП. Успеавме за кратко време да се договориме, бидејќи препознав дека се работи за сериозен клуб, амбициозен и добро организиран. Имаме добри услови за тренинг и мислам дека соработката со тренерот Петровиќ ќе ми помогне доста во понатамошната кариера. Се надевам дека ќе составиме добра екипа и ќе имаме успешна сезона со многу победи, изјави Крстајиќ по повод неговиот трансфер.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ