Лампард: Срамно е фудбалерите да бидат тестирани пред медицинските професионалци

Од:

Менаџерот на Челси, Франк Лампард изјави дека медицинскиот персонал треба да има предност пред фудбалерите кога станува збор за тестирање за коронавирус сред пандемија.

– Не го знам бројот на тестови што се извршени на медицинскиот персонал на Националниот здравствен систем, кои со месеци се борат со пандемијата. Сметам дека е срамно за фудбалерите да бидат тестирани пред медицинските професионалци кои се во првите редови во борбата против вирусот. Се надевам дека не сум само јас, рече Лампард.

Легендарниот Англичанец изјави дека фудбалот е тимска игра со директен физички контакт и дека здравјето на фудбалерите и персоналот е исклучително важно.

– На сите ни недостасува фудбал, но како да се вратиме на теренот без да ги доведеме во опасност фудбалерите? Мора да се соочиме со таа реалност и да бидеме реални, додаде Френк Лампард.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Правиме се што е во наша моќ за народот на Авганистан

А1он

Во Лондон рочиште на кое САД повторно бараат екстрадиција на Асанж

Ана Ололовска

Австралија ја укинува забраната за патување во странство на своите граѓани

Ана Ололовска

Американскиот регулатор ја одобри вакцината Фајзер за деца постари од пет години

Ана Ололовска

Бионтек ќе гради фабрика за вакцини во Африка

А1он

Модерна ќе и достави на Африканската унија 110 милиони дози вакцини против Ковид-19

А1он