Ламело Бол избран за „руки“ на годината во НБА

Од:

Кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Ламело Бол, е избран за најдобар дебитант во НБА лигата, станувајќи со тоа само третиот играч во историјата на овој клуб, кој ја освоил оваа титула, по Лари Џонсон (1991/92) и Емека Окафор (2004/05).

Деветнаесетгодишниот Бол освои 465 поени во гласањето на 99 спортисти и телевизиски куќи, завршувајќи во изборот пред Тајрис Халибартон (Сакраменто Кингс) и Ентони Едвардс (Минесота Тимбервулвс).

Третиот избор на Шарлот на минатогодишниот драфт, Бол имаше просек од 15.7 поени по натпревар, 6.1 асистенции и 5.9 скокови. Поради повреда на зглобот попушти многу натпревари, а кога се врати на теренот на крајот од март, во последните 11 натпревари просечно постигнуваше по 15 поени, со шест асистенции и 5.7 скокови.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа