Ламборгини повлекува илјадници возила поради опасност од запалување

Од:

Италијанскиот производител на автомобили Ламборгини повлекува илјадници „суперавтомобили“ вклучително и многу реткиот модел Венено, поради опасност од пожар.

– При одредени услови на возење, со полн резервоар, бензинот може да дојде во контакт со системот за издувни гасови, што може да го зголеми ризикот од пожар, се посочува во соопштението издадено од американската Национална управа за безбедност во сообраќајот.

Автомобилската компанија соопшти дека имаат информации дека се запалиле седум возила ширум светот.

Повлекувањето важи и за 12 продадени возила Венено, чија цена варира од четири до 4,5 милиони долари. Ќе бидат повлечени и 5.900 автомобили Авентадор, чија почетна цена е 400.000 долари.

Ламборгини е во сопственост на групацијата Фолксваген, неодамна објави рекордна глобална продажба за 2016 година, кога се продадени 3.457 автомобили. што е за седум проценти во според со 2015 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска