Меси осуден на 21 месец затвор

Од:

Најдобриот фудбалер на светот, Лајонел Меси осуден е заедно со неговиот татко на 21 месец затвор поради затајување данок, но според шпанските медиуми нема да мора да оди во затвор зашто казната е помала од двегодишна робија.

Тие двајца се осудени како виновни за затајување на 4,1 милион евра данок во периодот од 2007 до 2009 година, а Меси цело време се бранеше дека не знаел за малверзацијата. Затајувањето се случувало на Белизе и Уругвај каде биле сокривани заработките.

Државниот обвинител бараше 22 месеци и 15 дена затвор и за Меси и за неговиот татко, додека обвинителството кое ја водеше постапката бараше само казна од 18 месеци за таткото на Меси, сметајќи дека негова била идејата за затајување на данокот.

Меси и неговиот татко во август 2013 година, уплатија 5,6 милиони евра за да го избегнат судењето, но сепак тоа се случи.

Би можело да ве интересира

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна