Чешката тенисерка Петра Квитова победи на турнирот во Прага, откако во финалето ја совлада Михаела Бузарнеску со 4:6, 6:2, 6:3.
Квитова, по голема борба која траеше 2 часа и 19 минути, успеа да го скрши отпорот на големата надеж на романскиот тенис.
Првиот рекет на чешката репрезентација не загуби ниту еден сет до финалниот меч, во кој Бузарнеску покажа зошто таа е во топ 40 на светската ВТА листа.