Квитова го освои Токио

Од:

Чешката тенисерка Петра Квитова е победничка на ВТА турнирот во Токио кој се играше за награден фонд од 2,4 милиони долари. Квитова утрово ја победи Анжелика Кербер (Германија) со 2:1 – по сетови 6:2; 0:6 и 6:3.

Во првиот сет чешката тенисерка направи два брејка, за во вториот Кербер посилно да возврати со три освоени гемови на сервис на противничката. Одлучувачкиот сет започна со четири освоени гемови на победничката што беше доволно за рутиниран финиш.

За Квитова ова е втора титула на силни турнири по триумфот во Дубаи, а вкупно 11 во кариерата.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен