Квери позитивен на корона, избега од Русија, АТП почна истрага

Од:

Руските власти го ставија во изолација американскиот тенисер Сем Квери, бидејќи тој беше позитивен на коронавирусот, но тој ја напушти Русија со приватен авион, соопштија денеска организаторите на Отвореното првенство во Санкт Петербург.

Квери и неговата сопруга беа позитивни на тестот во неделата, ден пред почетокот на турнирот. По пристигнувањето во Русија четири дена порано, тие беа негативни.

Квери се повлече од натпреварувањето, а од семејството беше замолено да се изолираат заедно во хотел, пренесува АП.

Во соопштението се додава дека Квери не им ја отворил вратата на лекарите кои во понеделникот дошле да го прегледаат семејството, наведувајќи дека синот спие, а семејството потоа го напуштило хотелот пред вториот закажан тест следниот ден.

Здружението на тениски професионалци (АТП) соопшти дека го истражува инцидентот, но не го спомна Квери.

„АТП е свесен за инцидентот со сериозно кршење на протоколот за коронавирус на турнирот во Санкт Петербург оваа недела“, се вели во соопштението, додавајќи дека почитувањето на протоколите за здравје и безбедност е клучно за да се обезбеди безбедно одржување на натпреварите.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ