Даниел Роуз Колинс направи големо изненадување на тенискиот Мастерс во Мајами пласирајќи се во полуфиналето, иако на главниот дел од турнирот дојде преку квалификации.
Таа ноќеска ја совлада својата сонародничка од САД Венус Вилијамс со 2-0. Тоа беше дуел на две домашни тенисерки кој заврши за еден и пол час со 6:2 и 6:3 по сетови.
Колинс е првата квалификантка со изборено полуфинале на овој престижен турнир.
Нејзина следна ривалка ќе и биде Јелена Остапенко од Летонија во меч закажан за ноќта четврток кон петок во 3 часот по средноевропско време.
Во првото полуфинале вечер од 19 часот ќе играат Викторија Азаренка од Белорусија и Слоан Стивенс од САД.