Квалификации за ЕП 2020: Два гола на Елмас за победа над Словенија

Од:

Репрезентацијата на Северна Македонија вечерва забележа важна победа над Словенија со 2:1 (0:0) во квалификациски меч за ЕП 2020 од групата „Г“, кој се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Двата гола за „жолто-црвените“ ги постигна новиот фудбалер на Наполи, Елиф Елмас, кој беше прецизен во 50-тата, по одличната асистенција на Горан Пандев и 68-та минута, откако по одлична контра на нашиот тим офанзивниот фудбалер излезе сам пред голманот на Словенија, Јан Облак и реализираше.

Почесниот гол за гостите го постигна играчот на Аталанта, Јосип Иличиќ во 95-тата минута.

По овој меч, нашата репрезентација е на третото место со 11 бода (3-2-2) по седум одиграни кола, на само два од второто место, на кое во моментов е Австрија и кое носи во баражот за пласман на Европското.

Во другите два меча од групата, Австрија ја совлада селекцијата на Израел со 3:1, додека лидерот на табелата Полска немаше проблеми на гостувањето кај Латвија и ја совлада со 0:3.

Токму со „дружина полска“ нашите фудбалери ќе го имаат клучниот меч на гостински терен, a дуелот се игра во недела, 13 октомври.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска