Кузмиќ и понатаму е во вештачка кома

Од:

Состојбата на Огњен Кузмич е стабилна, но се уште доста сериозна, соопштија од Црвена звезда.

Поранешниот играч на Реал (Мадрид) се уште е во вештачка кома, но повторните истражувања покажале дека нема компликации како последица на повредите на главата, кои Кузмиќ ги доби во сообраќајна несреќа.

Шампионот на НБА со Голден Стејт настрада во неделата, а веднаш по случката беше транспортиран итно со хеликоптер од Босна и Херцеговина до српската престолнина Белград.

Дваесет и девет-годишниот репрезентативец на Србија потпиша договор со Црвена звезда во почетокот на месец јули, откако во претходните две сезони беше дел од составот на „кралевите“. 214-сантиметри високиот центар има титула од Евролигата со Реал, а со репрезентацијата на Србија има сребрен медал од ЕП 2017.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ