Белгискиот голман Тибо Куртоа, На инсистирање од менаџерот Жозе Мурињо, во новата сезона повторно ќе го брани голот на Челзи.
Овој 22-годишен голман, член на Челзи е од 2011 година, но за „сините“ од Лондон нема ниту еден настап, бидејќи беше позајмен во Атлетико Мадрид.
По извонредната сезона во новиот шампион на Шпанија, менаџерот на Челзи го побара назад не оставајќи простор за други опции.
– Кога ќе заврши Светското првенство Куртоа се враќа во Челзи и тука завршува приказната околу неговата иднина, изјави Мурињо за Би-Би-Си.
Враќањето на Куртоа на „Стемфорд Бриџ“ може да значи крај за долгогодишниот прв голман на овој тим Петр Чех.