Купот на Азија ќе добие нов шампион

Од:

Домаќинот од ОАЕ ја порази Австралија со 1-0 и го детронираше бранителот на титулата во четвртфиналето на Купот на Азија.

Пулените на италијанскиот стручњак Алберто Закерони, стигнаа до победа по груба грешка на Милош Дегенек во 68-та минута. Тој му врати лоша топка на голманот Мет Рајан, која Али Ахмед Мабут ја пресече во пеналтикот, го надмина голмаот на противникот и реализираше во празна мрежа. Австралијците имаа супериорност и создадоа повеќе позиции, но не успеаја да стигнат до гол.

ОАЕ ќе игра против Катар, кој порано денеска ја елиминираше Република Кореја со победа од 1-0.

Во другиот полуфинален натпревар, Јапонија ќе се соочи со Иран.

Би можело да ве интересира

Катар го освои Купот на Азија

Наум Локоски

ВИДЕО: Сирија доби пенал откако двајца нејзини играчи се судрија во шеснаесетникот

Наум Локоски