Кунде официјално регистриран, ќе игра против Валјадолид?

Од:

Барселона и официјално ја комплетираше регистрацијата на новото засилување од Севилја, дефанзивецот Жил Кунде, потврдува веб-сајтот на шпанската Ла лига, со што тој може да дебитира денеска против Валјадолид.

Кунде е последното од петте засилувања на Барселона ова лето со одобрен статус од шпанската лига, откако поради финансиската состојба во клубот беше неизвесно дали каталонскиот гигант ќе добие зелено светло под стриктните правила на Ла лига.

Регистрацијата на Кунде исто така може да има влијание во последните денови на преодниот рок во Барселона, посебно обидот на Челси да го добијат Пјер-Емерик Обамејанг, чија продажба се сметаше за клучна за решавање на проблемите. Сега, Барса може да реши да го заддржи габонскиот напаѓач.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Авион со патници во Барселона е опколен поради радиоактивен куфер

Фудбалскиот клуб Барселона под истрага за „активен поткуп“ на судии

Поништена регистрацијата на Гави, тој може да замине како слободен играч!

Горан Наумовски

Барса со невозможен камбек стигна до победа кај Целје!

За Барса нема ништо спорно во исплатата на шефот на судиите

Кеси дојде бесплатно во Барса, ќе ја напушти за 13 милиони евра