Куманово загуби во реваншот, Берое е новиот шампион во БИБЛ лигата

Од:

Екипата на Куманово не успеа да го освои пехарот во БИБЛ лигата откако вечерва во реваншот од финалето во ова натпреварување загуби од бугарскиот тим Берое со 77:73 (22:9; 20:17; 11:30; 24:17). На првиот натпревар одигран во Стара Загора Берое победи со 84:55.

Најефикасен на натпреварот беше Брендис Рос од Берое со 17 поени.
Натпреварот доцнеше со почетокот од причина што на неколку минути пред стартот на дуелот снема струја во спортската сала во Куманово.

Куманово е третата македонска екипа што играше во финалето на ова натпреварување, откако претходно тоа им успеа на Работнички во 2009 година и на Фени Индустри во 2011 година. Токму тимот од Кавадарци, Фени Индустри е единствениот од Македонија кој го има освоено ова натпреварување.

Би можело да ве интересира

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

БИБЛ: ТФТ со две победи се враќа од Бугарија

А1он

Убедлив пораз на ТФТ на гостувањето кај Ирони Нахарија

А1он

Втор пораз на Куманово во БИБЛ лигата

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

ФМП Академија го доби „македонското дерби“ на стартот на БИБЛ лигата

А1он