Куманово избори финале на БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на македонскиот прволигаш Куманово се пласираа во финалето на БИБЛ лигата откако вечерва на домашен терен во реванш полуфиналето го победија тимот на Пеќ со 86:80 (18:25; 19:19; 24:21 и 25:15) и со тоа ја анулираа предноста на ривалот од првиот дуел од четири поени (83:79).

Кошот (двојка) за пласман во финалето го постигна Стефан Живановиќ на три секунди пред крајот.

Гостите од Косово во првиот дел имаа и двоцифрена предност, а на полувремето беше 44:37 за Пеќ. Со подобрата и поефикасна игра во вториот дел кумановчани стигнаа до потребната победа поголема од четири поени.

Најефикасен кај Куманово беше капитенот Марјан Јанески со 21 поен, а имаше и шест скокови, додека Јонел Браун постигна 20 поени. Димитар Караџовски беше на чекор до „дабл-дабл“ со 11 поени и девет скокови.

Во финалето Куманово ќе игра против екипата на Берое од Бугарија, која во полуфиналето беше поуспешна од Теодо од Црна Гора.

Би можело да ве интересира

БИБЛ лига: ТФТ поразен на гостувањето во Приштина

А1он

Стартна победа на ТФТ Скопје во БИБЛ лигата

А1он

Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ во сезоната 2021/22

Ана Ололовска

БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера

Ана Ололовска

Koшаркарите на ТФТ „прегазени“ во Бугарија во натпревар од БИБЛ лигата

Жарко Настоски

Куманово подобар од ТФТ во воведното коло од БИБЛ

Ана Ололовска