Куман: Не очекувам да го видам Реал Мадрид ранлив

Од:

Tренерот на Барселона, Роналд Куман е убеден дека двата порази на Реал Мадрид во последната недела нема да влијаат негативно на нивниот учинок за време на утрешното „Ел Класико“ меѓу двата тима, што ќе се одржи на празниот „Камп Ноу“.

– Навивачите недостасуваат во сите тимови. Малку е чудно што нема никој на толку голем стадион кој создава добра атмосфера за локалниот тим. Се надевам дека наскоро ќе можеме да се потпреме на оваа атмосфера. Да имате помош од вашите фанови е скоро како да имате уште еден играч. На последните два натпревари, Реал можеби нема постигнато добри резултати, но тоа не значи дека немаат самодоверба. Тие имаат многу искусни фудбалери и знаат дека мора да го добијат натпреварот по двата порази. Не мислам дека она што се случува во последно време ќе влијае на нив. Кога правите грешки, сакате да се подобрите. Фудбалерите на Мадрид имаат големо искуство во ваков тип на натпревари. Не очекувам да го видам Реал ранлив, изјави Куман пред дуелот.

Во однос на тоа дали ќе продолжи да се потпира на младите, Холанѓанецот изјави дека најважни се перформансите на секој играч.

– Не гледам проблем со младите. За да стекнат искуство, треба да играат на натпревари. Размислувам само за најдобриот тим за утре, возраста на играчите не е важна. Немам поплаки за моите играчи. Натпреварот против Мадрид е секогаш нешто повеќе. Сакаме да направиме чекор напред и да добиеме самодоверба за да покажеме дека сме на вистинскиот пат. Натпреварот ќе биде изедначен. Двете екипи имаат голема класа и искуство. Овие натпревари се решаваат со детали како што е поседот на топка или пресингот против противникот, рече Куман на својата прес-конференција пред натпреварот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска