Куман: Меси ужива во Барселона

Од:

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, ги отфрли денеска како шпекулации наводите за можно заминување на Лионел Меси и истакна дека аргентинскиот фудбалер секојдневно ужива во каталонскиот клуб.

– Разговарам со моите играчи, со Лео и за многу други работи, бидејќи тој е капитен. Меси секојдневно ужива и интензивно се ангажира во Барселона. Се разбира, Лео сега е повозрасен, но тој и натаму е играч, кој сака да биде овде, и пред сè, сака да победува, ја пренесува весникот „Марка“, изјавата на Куман.

Меси неделава со 644 голови стана светски рекордер според бројот на постигнати голови за еден клуб, оставајќи го зад себе легендарниот Бразилец Пеле, кој за Сантос минатиот век постигна 643 голови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мајстории на Меси на отворањето на новата сезона

Шпански медиуми: Меси ја изневерил сопругата со новинарка која ја следи репрезентацијата

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса

Откриени резултатите-познато кој годинава ќе ја освои Златната топка

Главниот услов за враќање на Меси во Барселона е исполнет, одлуката останува на него

Меси го напушти теренот повреден, по него сета публика си замина

Предраг Петровиќ