Куман ја пофали Барселона за играта во одбрана против Динамо Киев

Од:

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, го пофали својот тим за изданието во одбрана на натпреварот од 3. коло на Лигата на шампионите против Динамо Киев (1:0).

– Нашата одбрана заврши одлична работа, Динамо не можеше да создаде ниту еден опасен момент. Се разбира, моравме да постигнеме повеќе, бидејќи резултатот 1:0 е секогаш ризичен до крајот на натпреварот, но дејствувавме добро без топка и игравме интензивно, истакна Куман.

Барселона е трета во Е-групата со три бода на три натпревари, Динамо Киев е на последната, четврта позиција со еден бод.

На првите две места се Баерн Минхен со девет и Бенфика со четири бода.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска